Од каде доаѓа зборот „абракадабра“?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Кога се споменува зборот „абракадабра“, првата асоцијација е магионичар или некаков трик.

Меѓутоа, изгледа дека во минатото овој збор имал многу поголемо значење, иако не се знае точно од кој јазик овој збор влече корени.

За првпат, зборот „абракадабра“ е спомнат во делото “Liber medicinalis” на римскиот лекар и мудрец Квинта Серенус Самоника во третиот век од новата ера. Најверојатно, тој не го измислил овој збор. Лингвистите кои ја проучуваат историјата на зборовите сметаат дека овој збор се употребувал многу поодамна меѓу античките Грци и Римјани.

Овој римски лекар зборот „абаркадабра“ го употребил за талисман кој луѓето го носеле околу вратот како заштита од непознати и смртоносни болести.

Постојат и неколку други теории за тоа како настанал овој збор. Едната е дека тој доаѓа од стариот арамејски јазик, поточно од фразата „авра кадавра“ која значи „создавам баш како што зборувам“. Според друга теорија, овој збор дошол од грчкиот „абракас“ кој ги означува сите дена во годината. Следната теорија е дека „абракадбара“ е синоним за светото тројство од еврејскиот израз „Ab, Ben, Ruach hakodesh“.

Во записи од 16-тиот век, овој збор повторно се сретнува како талисман, во контекст на лекување и магии, а потоа се појавува и во 19-тиот век кога и почнал да се поврзува со магионичарите и илузионистите кои го употребувале како најава за нивните магични трикови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар