Заведете го вашиот партнер повторно!

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Има денови кога со вашиот партнер не сте во најдобри односи. Има и цели такви периоди. Но, што кога веќе сте загрижени за вашиот однос и контакт, што ако ви фали нежност, страст и прегратка? Како повторно да го заведете вашиот партнер?

Најпрво направете контакт со очите. Погледнете го во очи! Кога мажот гледа слика од жена која е разголена, прво го забележува нејзиното лице. Лесно се препознава доколку мажот е возбуден, но потешко е да се препознае дали жената е заинтересирана за секс. Користете го контактот со очи и фацијалната експресија за да му докажете дека сте заинтересирани за него.

Помогнете му да се релаксира. Стресот може да биде голем фактор кој влијае врз неговото расположение. Доколку сте заедно, направете му ја омилената вечера, направете му масажа или подгответе ја кадата за двајцата. Кога тој се чувствува релаксирано, поголема е веројатноста да се разбуди неговото либидо.

Разгледајте ги вашите заеднички стари слики. Потсетете се на времето кога се запознавте и бевте на почетокот од вашата врска. Разгледувањето на сликите може да создаде нежност во вас и чувство на носталгија кое ќе ја возобнови вашата љубов и страст.

Искористете ги калинките. Истражувањата покажале дека пиењето сок од калинка го зголемува сексуалниот нагон кај човекот. Направете коктел од калинка и испиете го заедно.

Предизвикајте го на наптпреварувачки спорт. Играјте тенис или заедно планинарете. Натпреварувачкиот дух ќе ви ја зголеми можноста за флерт, а ќе ви го зголеми и нивото на хормоните.

Носете ја црвената боја. Многу истражувања докажале дека жените кои носат црвена облека се поатрактивни од оние кои се облечени во друга боја.

Пресокнете го парфемот. Мажите се почувствителни на вашиот природен мирис, мирисот на здрава и чиста жена. Мирисот на вашата кожа го привлекува вашиот партнер повеќе од парфемот кој го користите.

Јадете чоколадо заедно. Чоколадото ослободува серотин во мозокот, кој обезбедува чувства слични како оние кога се заљубуваме.

Испуштете звуци што доаѓаат природно од вас. Многу мажи велат дека жените се премногу тивки за време на интимноста. Викањето или славењето како да е Бог на љубовта не е потребно, но природните звуци ќе му дадат до знаење дека тоа што тој го прави за нас е угодно.

Дајте си време за допир. Идејата дека мажите не уживаат во допирање и милување е мит. Допирот го ослободува хормонот наречен окситоцин, кој е наречен “љубовен хормон.” Овој хормон може да ја зајакне љубовта во врска, која ќе го направи сексот подобар од било кога.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот