Кога сте млади и кога лудо се забавувате со вашата најдобра пријателка светот е розов и мислите дека пријателството бесконечно ќе трае, што е уште поважно мислите дека нема никогаш да се промени. Ама се менува и тоа во моментот кога ќе имате сопруг и дете/деца.
Ноќен клуб наспроти парк
Пред да станете мајки вие и вашата најдобра пријателка сте останувале будни до раните утрински часови во ноќен клуб со многу пијачки. Но, не го правите тоа повеќе. Сега, се дружите преку ден, во игротека или во парк на отворено, а алкохолот е исклучен од комбинацијата.
Селфи наспроти бебиња
Селфи фотографиите ви беа омилен дел од вечерта со вашата пријателка каде ги означувате забавните моменти и вашата реакција на истите. Денес, мобилниот телефон ви е преполн со фотографии од вашите бебиња во разно разни позиции и облеки. Децата јадат, децата спијат, децата си играат и слични моменти. Знаете за што станува збор.
Физичка активност и бременост
Пред бракот и бебињата, вие и вашата пријателка уживавте да вежбате заедно, да пешачите, да бидете физички активни. И тоа беше забавно. Сега, физичката активност се сведува на туркање количка во паркот, трчање по децата да не се удрат или паднат, кревање во раце на бебиња. И тоа е аеробик, нели?
Ваши роденденски забави наспроти роденденските забави на децата
Порано со вашата пријателка со денови се договаравте како да ја организирате роденденската забава, каков алкохол да купите, што ќе облечете и кого ќе викнете. Денес, заедно бирате балони, покани за останатите дечиња од градинка, а алкохол ни под разно не е на менито.
Факултет наспроти детска градинка
Во минатото со вашата најдобра пријателка зборувавте за предавањата на факултет, за студентските забави, за новите момци во друштво од факултет. Сега, зборувате за храната во градинките, дали се хранат здраво или не вашите дечиња, дали во градинка носат пелени или тоа е навика само за по дома.
Можеби животот си го зел текот на настаните и го сменил карактерот на случките меѓу вас, но најважното од сè е да не се промени односот. За деценија од сега ќе зборувате за овие работи во минато време и ќе ви недостигаат моментите со вашите деца и случките кои сте ги имале на секојдневното мени. Животот треба да се менува, затоа што само на тој начин ќе бидете во очекување на неизвеснота што ја носи новиот ден.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот