Под мотото „Скопје за Боуви“ во Градскиот парк во Скопје вечер ќе се одржи деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“.
Годинашното издание е посветено во чест на британската музичка легенда Дејвид Боуви.
Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, со почеток од 21 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе изведе некои од најголемите хитови на Боуви.
Своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска, а за фановите на британскиот пејач ќе бидат поделени 20 илјади бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието – Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ од Мери Финиган, некогашна љубовница на Боуви.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.