Како парите влијаат на вашата љубовна врска?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Парите може да ви помогнат да ја прославите вашата љубов, но и да создадат огромен јаз помеѓу партнерите. Експертите за врски сметаат дека од самиот почеток на врската е важно да утврдите дали и колку сте финансиски компатибилни со вашиот партнер. Еве како парите влијаат на одредени фази од љубовната врска.

Кој плаќа на првиот состанок?

Едно од клучните прашања во врска со финансиите е првиот состанок и кој треба да го плати излегувањето. Најновото истражување на Универзитетот во Калифорнија открила дека првиот состанок може да биде хаотичен, кога во прашање е сметката: Речиси 84 отсто од илјада мажи признале дека тие ја плаќаат сметката, но околу триесет проценти од нив сметаат дека дамите треба да учествуваат во плаќањето на сметката на првиот состанок. Останатите пак изјавиле дека би биле навредени доколку жената се понуди да плати. Заклучокот од студијата потврдува дека треба да им дозволиме на мажите да го платат првиот состанок, но треба и љубезно да понудиме да платиме.

Кој плаќа кога ќе почнете да излегувате како момче и девојка?

Важно е да го утврдите системот „еднаш плаќам јас, следен пат ти“ доколку и двајцата сте вработени. Карен Хауелс, советник за врски вели дека е важно е и двајцата партнери да учествуваат финансиски во врската за да може да се изгради здрав однос. Доколку планирате поголем заеднички трошок, како на пример, летниот одмор, тогаш отворете заедничка сметка на која ќе ставате одреден дел од вашата плата.

Како да ги поделите трошоците кога ќе живеете заедно?

Адвокатите советуваат дека пред да стапите во брак, најнапред добро е да направите договор со кој се знае кому што припаѓа доколку дојде до разделба. Оваа постапка е особена важна доколу исплаќате кредит за станот во кој живеете или сте презеле некои поранешни долгови на партнерот за да му помогнете. Од големо значење е да направите и договор како ќе се трошат вашите плати, колкав дел од платгите ќе оставате само за вашите лични потреби и дали ќе штедите одделно или на заедничка сметка и со која цел.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот