Кои се корпорациите што контролираат сè што купуваме?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Знаете ли дека буквално сè што купувате денеска се произведува во десет транснационални корпорации? Што и да купите, вашите пари на крајот одат кај истите луѓе.

Крафт фудс

Основана е 1903 година од Џејмс Крафт, а денес е вториот најголем производител на пакувана храна во светот. Нивните производи се продаваат во 155 земји.

НестлеНестле е најголемиот производ на прехрамбени производи, а на листата на нивни производи влегуваат Нескафе, КитКет и Несквик.

Проктер и Гембл

Ова е најголемата адвертајзинг компанија во светот, којашто троши по околу 8 милијарди долари за годишно рекламирање. Во листата на нивни брендови спаѓаат Фери, Ленор, Памперс, Тампакс, Пантен, Олд Спајс и други…

Џонсон и Џонсон

Козметички, хигиенски производи и медицинска опрема се меѓу производите на Џонсон и Џонсон што се произведуваат во 230 нивни ќерки компании. Тие имаат и фармацевтски и производи за нега на телото, вклучувајќи го и Пантен.

Унилевер

Ова е еден од водечките производители на производи за домаќинството. Тие произведуваат и храна, како и парфеми.

Марс, инк.

Многу е веројатно дека секој ден каснувате барем по нешто од производите на Марс - Марс, Сникерс, Милки веј, Твикс, Баунти, М&М… За вашите миленичиња тука се Педигри, Вискас и Китекет.

КелогсФормирана 1906 година во Мичиген, Келогс е еден од најголемите производители на житарки за појадок во светот.

Џенерал Милс, инк.

Една од најголемите светски корпорации, Џенерал Милс, инк. се фокусира на производство на прехрамбени производи, ама поседува и голема мрежа на ресторани. Меѓу нивните производи е сладоледот Хаген-даз!

Пепси

Производите на Пепси ги вклучуваат 7ап, Пепси, Читос… Формирана е 1965 година и е еден од најголемите производители на газирани пијалаци во светот.

Кока Кола

Најголемиот производител на безалкохолни пијалаци, концентрати и сирупи во светот, е една од најголемите компании во САД. Нивните производи Фанта, Спрајт, Швепс и Кока Кола се продаваат во преку 200 земји.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар