Македонското книжевно творештво годинава ќе биде претставено на три саемски манифестации, на саемот на книгата во Франкфурт, Истанбул и прв пат на меѓународниот саем на книгата во Париз кој ќе се одржи од 17 до 19 март. Саемот ќе се одржи во салонот за книга на оваа метропола.
На саемот во Париз учествуваат повеќе од 1.200 изведувачи, претставници на 50 држави од Европа и светот и над 4.500 автори. Овој саем претставува значајно средиште за претставување на издавачката индустрија ширум светот.
На саемот во Париз ќе бидат претставени 400 вредни книги од македонски автори кои ќе го презентираат нашето културно богато наследство.
Присуството на Македонија на оваа манифестација е веќе со традиција од 35 години и е важна соработка за претставување на македонската литература.
На македонскиот ден, 18 март, на саемот во Париз ќе биде организирана трибина „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“, а на трибината ќе присуствуваат авторите Луан Старова, Јордан Плевнеш, Владимир Мартиносвки и професорот Сорбона Фабрис Д’алмеида.
Додека пак со поетско читање ќе настапат Владимир Мартиновски, Никола Маџиров и други автори од Франција.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.