УНИКАТЕН МОДЕН ДИЗАЈН ЗА УРБАНИ И МОДЕРНИ ДАМИ
За љубителите на уникатно парче облека, Модното студио «Кадора» отвари ново модно катче во главниот град, како одговор на барањата да се биде поблиску до своите клиенти. Дваесет и пет годишната успешна модна приказна на брендот “Кадора”, од самите почетоци е поврзана со Куманово, од каде што низ годините е градена и усовршувана модна култура позната и надвор од овој град.
Во центарот на Скопје се раплете традицијата, но и современата приказна, која ја раскажува модата во едно уникатно поглавје. Дизајнерката Сузана Темелковска доследна на својот изграден препознатлив стил и сензибилитет, заедно со својата ќерка Никита, креативна и со префинет вкус, ќе се потрудат да им го доближат уникатниот моден дизајн на пошироката публика.
Скопјани и сите останати посетители, веќе од сега ќе имаат можност да го посетат автентичниот амбиент, кој што го рефлектира веќе препознатливиот профил на брендот Кадора и со уживање самите да придонесат да го креираат и да го купат своето омилено уникатно модно парче.
На отворањето беа изложени уникатни дизајни на модното студио Кадора, меѓу кои и урбани матурски фустани, раскошни свечени тоалети, но и модерни минималистички парчиња за деловни дами. Во рамките на модното студиото функционира и производствен сектор, каде ќе може да се израбоуваат креации по желба и по мерка на клиентите.
Модното студио Кадора се ноѓа зад зградата на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), во центарот на Скопје.