Како деца обожававме да цртаме куќички, дрвја, да се цртаме самите, нашите миленици, другарчиња, семејството.
Ајде да се вратиме малку во тоа време. Нацртајте куќа, дрво и човек. Нацртајте ги како што сакате. Не ѕиркајте во објаснувањето подолу, бидејќи и отсуството на некои елементи зборува многу за вас.
Куќата го претставува семејниот однос
Кровот се интелектуалните интереси, фантазии и духовниот живот.
Оџакот зборува многу за вашиот афективен и сексуален живот. Ако од оџакот излегува чад, тоа симболизира внатрешна напнатост.
Ѕидот укажува на цврстина и на силата на вашата личност.
Вратата и прозорците зборуваат за односот со околината и нивото на вклученост во општеството. Големата врата, на пример, покажува дека сте зависни од околината.
Тротоар или улица пред куќата покажуваат дека сте отворени и колкав е пристапот на другите луѓе во вашиот интимен живот.
Приземјето покажува стабилност и контакт со реалноста.
Дрвото е симбол на несвесните аспекти
Крошната претставува идеи и мисли. Нејзината густина укажува на нашата ментална продуктивност.
Гранките се нашите социјални контакти, желбите и степенот на задоволство или фрустрации.
Стеблото зборува за тоа колку сме прилагодливи и флексибилни. Ако е подзакриено, тогаш полесно прифаќаме компромис.
Тлото зборува за нашиот контакт со реалноста и со стабилноста. Доколку го нема, покажува на потешкотиите да се соочиме со стварноста.
Човекот на сликата покажува каква личност сакате да бидете
Главата зборува за интелигенцијата, комуникацијата, фантазијата и друштвеноста. Ако е поголема од телото, тоа значи дека им придавате големо значење на интелектуалните способности.
Косата укажува на сексуалност, сензуалност и зрелост.
Очите ја претставуваат социјалната комуникација и перцепцијата на светот околу нас.
Устата покажува сензуалност, вербална комуникација, сексуалност. Ако устата е само во вид на рамна линија, тоа покажува дека личноста е вербално агресивна.
Носот е симбол на пенисот.
Дланките укажуваат на афективно однесување и на количината агресија што ја имате во себе.
Вратот покажува колку можете да ги контролирате своите импулси.
Рацете зборуваат за тоа колкава е вашата можност да се адаптирате на околината.
Нозете претставуваат контакт со реалноста, поддршка, стабилност и сигурност.
Стапалата се показател на агресивност и на сексуалност.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.