Ноктите не служат само за лакирање

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Верувале или не, ноктите можат да бидат еден од првите симптоми за одредени болести. Здравите нокти се мазни, благо закривени и цврсти, а необичните промени на нив можат да бидат знак за здравствени проблеми. Затоа, секако треба да се обрне внимание на нив и да се реагира ако забележите некаква промена.

Темни нокти

Темните нокти можат да значат неколку работи: појавата може да биде природна, генетичка промена во пигменатацијата. Меѓутоа, ако има темна линија по должината на ноктот до врвот тогаш треба да се алармирате.

Бледи нокти

Ова може да значи неколку работи, меѓу најсериозните е промната на состојбата на црниот дроб, затоа веднаш консултација со лекар.

Кршливи нокти

Ако ноктите често ви се крашт тоа би можело да значи недоволна телесна хидрација.

Вертикални бразди

Оваа појава обично се јавува со годините, а тоа обично значи дека коренот на ноктот под кутикулите се суши.

Хоризонталните бразди

Длабоките хоризонтални бразди се појавуваат на двете страни на ноктот што значи дека дошло до некои специфични трауми, болести, стрес или пореметување на метаболизмот.

Задебелни нокти

Ова обично значи дека се нападнати од габа и треба итно да се третираат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот