Нова сезона носи нови работи, нови предизвици и авантури кои чекаат да бидат изживеани. Ние ви ја најавуваме новата сезона на забави и настани која ќе почне наскоро во најурбаното место во Охрид, “Mr.I”.
Место со комплетна понуда за сè што ви треба. Менито е незаменливо, храната подготвена од врвни мајстори на кулинарството, а имате можност да влезете во свој филм преку апартманите за престој кои ги нуди “Mr.I”.
Кој е вашиот омилен актер - него одберете го. Сакате да бидете во светот на Џејмс Бонд или Џорџ Клуни? Можеби пак Моника Белучи е таа која ве воодушевува… Изборот е ваш.
Минатата сезона прославивме една година постоење на најуникатен начин. Ако бевте дел од забавата, веќе знаете дека имате можност да бидете дел од големиот мозаик на “Mr.I”. Следете ги насоките и добијте место на ѕидот на познатите. На тој начин имате можност да станете потенцијален добитник на вредна награда.
Доколку се уште не сте се пријавиле, пријавете се СЕГА и очекувајте многу изненадувања наскоро.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот