По 25 години “Кралот лав” повторно на големото филмско платно

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Анимираниот Дизни хит, конечно го реализираше долгоочекуваното филмско остварување - “Кралот лав”.

Приказната раскажува за авантурите на малото лавче Симба, кое се огледува на својот татко - кралот Муфаса и сплетките кои ги прави лошиот, завидлив Скар што најпосле резултираат со голема трагедија. Патот ќе го одведе Симба до Тимон и Пумба и нови животни предизвици, кои после 25 години можеме да ги видиме оживеани во игран филм.

Филмот премиерно беше прикажан во Лос Анџелес, Калифорнија на 9-ти јули, а од 18-ти јули (четврток) и ние ќе ја имаме можноста да го погледнеме филмот во кино салите.

Возбудата и очекувањата се на високо ниво, останува да почекаме и да се препуштиме на емоциите.

Во прилог, погледнете го официјалниот трејлер за филмот:

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.