Првиот допир со странските јазици секогаш ни дава впечаток дека конкретниот јазик е комплициран и тежок. Разбирливо со оглед на тоа дека за првпат се сретнуваме со него.
Но, постојат заблуди и митови околу дел од странските јазици, за нивната тежина.
На прво место е јапонскиот. Овој јазик се смета за еден од најтешките во светот. Јапонците во минатото, па и денес, мислат дека нивниот е единствен јазик и ниту еден странец не може вистински да го совлада и разбере. Меѓутоа, граматиката на јапонскиот е едноставна, како и останатата фонетика. Тоа што создава тежина е совладување на азбуката.
Францускиот јазик е најјасен и најлогичен од сите е мит во кој со години луѓето веруваат. Имено, уште од 1674 година славниот француски филолог Клоф Фавр рекол: „Сè што кажуваме е резултат на следење на логичкото размислување, што воедно претставува и ред на природата“. Во тоа време владеело мислењето дека тој јазик поседува природна логика и јаснотија која другите јазици ја немаат. Некои лингвисти се согласуваат во тоа дека францускиот јазик е сложено совршенство кое претставува одраз на самата цивилизација. Вистината е дека секој јазик е логичен и јасен, во иста мера во која може да биде доживеан како сосема неразбирлив.
Велшкиот јазик го зборуваат околу 611 000 луѓе во Велс и околу 130 000 во Англија. Исто така, покрај англискиот, тој е и официјален јазик во училишните установи.
Mногумина сметаат дека англискиот јазик, оној кој се говори во Велика Британија е вистински англиски и дека сите останати облици и варијанти како американскиот, австралискиот, новозеландскиот и јужноафриканскиот многу се разликуваат од чистиот облик. Но, англискиот кој се говори во Велика Британија во последниве три века значително е променет од стандардниот американски англиски, така што таа теорија не може да се земе предвид повеќе.
Примитивните култури имаат примитивен јазик. Ова е целосно погрешен пристап. Лингвистите докажаа дека верувањето оти т.н примитивни јазици се одликуваат со недостаток на вокабулар, склоност кон брзина и минимална граматика е целосно неточно бидејќи и тие јазици се еднакво богати како и другите добро познати светски јазици. Така на пример лапонскиот има 1000 различни зборови кои можат да опишат едно животно – ирвас.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.