Париз е центарот на модата, градот кој ја чува тајната на Мона Лиза, уметноста на Монмартр, но Париз воедно е и вистински гастрономски рај, посебно за љубителите на слатките работи.
Во неговите улици се кријат бројни мали и прекрасни слаткарници кои нудат врвни колачи и торти. Едно такво место е Fou de Pâtisserieu, слаткарница со нов концепт. Местото го отвориле Julie Mathieu и Muriel Tallandier, дуо кое на париската јавност и е познато по магазинот посветен на слатките работи кој го носи со истото име.
Она по кое ова место е славно е несекојдневната понуда на слатки од најпознатите готвачи од француските ресторани кои за првпат во историјата прифатиле своите мали ремек дела да бидат послужени надвор од ресторанот каде што работат.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот