Слабејте и додека седите

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Модерното време подразбира многу часови поминати во седење - седење на работното место, во автомобилот, седење на кафе, седење дома… Ама, дури и цел ден да седите, тоа не мора да значи дека ќе се здебелите. Напротив, можете дури и да изгубите некој килограм. Еве како.

1.Испланирајте 30 минути за вежбање

Проучете го својот дневен распоред и обидете се да најдете по половина час за физичка активност барем 5 дена во неделата. Наместо да лежите и да гледате филм - вежбајте. Или вежбајте додека ја гледате омилената серија.

2. Скалите нека ви бидат фитнес сала

Кога одите на работа, наместо да се возите со лифт, качувајте се по скали. Ако неколку пати во текот на денот одите нагоре-надолу, а тоа е повеќе од 5 ката, дневните вежби можете да ги намалите и на 20 минути.

3. Наполнете ја фиоката од работната маса со здрави грицки

Наместо да ја полните фиоката со чипс, соленки, смоки, чоколатца, во неа ставете суво овошје, јаткасто овошје, пуканки без сол. И пијте чај. Многу чај.

4. Дневно пијте 2.5 литри вода

Ако не сте физички активни додека сте на работа, ќе почувствувате замор, дехидрираност, поспаност. Затоа пијте многу вода. Таа ќе го хидрира организмот. А и станувањето да ја наполните чашата со вода се смета за активност.

5. Внесувајте и белковини

Кога ќе ви се грицка нешто, извадете ги здравите ужинки од фиоката и искомбинирајте со белковини. Белковините се важни за изградбата на мускулите, ама и ја намалуваат потребата за шеќер во одредени случаи. Одличен извор на белковини се путерот од кикирики, јаткастото овошје, семките, немасното говедско месо и тврдо вареното јајце.

6. Донесете си ручек од дома

Наместо да купувате готова храна или бели печива полни со адитиви, решете се за храна што ќе си ја подготвите самите дома - салати, пилешко месо, варен зеленчук, изборот е голем.

7. Станете

Искористете ја секоја пауза додека не работите за да станете. Додека седите не можете да согорите повеќе од 9 калории. Затоа, станете и раздвижете се малку.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.