TOW#513 – Колегијалност

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој

Во денешно време, потребно е да се има професионалност во извршувањето на работните задачи и односот со колегите. Но за успешна реализација на целите и предизвиците во работната средина недостасува уште една силна карактеристика.

Да бидете во средина во која сте задоволни од колегијалноста во компанијата е прав луксуз. Тој луксуз” истражувањата покажале дека ја зголемува продуктивноста, ги прави посреќни и поведри соработниците и едноставно е еден чекор понапред од грубата професионалност.

Колегијалноста како и многу други работи се гради помеѓу соработниците, бидејќи сите имаат заедничка цел во работењето и сакаат среќни да доаѓаат на работа. Никој не би сакал да помине осум часа работно време со луѓе кои се негативни, се мрштат, не одговараат на повик и надреден кој постојано ги критикува.

Јас би рекол дека колегијалноста како и љубовта е еден вид хемија”, но за да дојдеме до таа хемија” на работното место, можеме да придонесеме на неколку начини:

  • Креирање на пријатна колегијална работна средина - ако некој од сорабтониците побара мала помош, бидете при рака и помогнете му, еден ден тоа пријатно ќе ви се врати. Не сме сите експрети во секоја област и секогаш има некој којшто знае повеќе. Помогнете и сослушајте, тимот е секогаш подобар од поединецот во решавање проблеми.

  • Почит спрема соработниците - однесувајте се љубезно и со манири, охрабрувајте ги луѓето околу вас да го изразат своето мислење и не ги критикувајте за мали и неважни работи. Пофалете ги за успесите. Едноставно, однесувајте се со другите како што би сакале да се однесуваат со вас!

  • Ширете позитивна енергија - поздравете се со колегите кога ќе дојдете на работа, посакајте им убав работен ден и насмејте се, вашата насмевка и позитивна енергија ќе им го разубави денот на другите околу вас.
  • Почастете чоколадо - изненадете ги колегите, бидејќи не мора да има посебна причина за малку благо и серoтонин, а работната атмосферa тој ден ќе биде одлична.

Запомнете, промените почнуваат од нас самите!

Кристијан Балески
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com