Видео рецепт: Тирамису тoрта од палачинки

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Фичо ќе направи интересна торта, прекрасна комбинација од два најпопуларни десертa – палачинки и Тирамису.

Состојки:

Ќе ви треба (12-15 палачинки):

2 јајца
250 мл. кисела вода
125 мл. обична вода
125 мл. млеко
300 мл. брашно (доколку е потребно се додава дополнително 50 - 80гр)
2 лажици ванила екстракт
прстофат сол
1 лажица шеќер
2 лажици масло за јадење

За ТИРАМИСУ крем ќе ви треба:

4 белки и 4 жолчки одделно
4 + 4 лажици шеќер во прав
1 доза рум
500 гр. маскарпоне какао за наросување

Подготовка

Чекор 1: Изматете ги состојките за палачинки и испечете 15 палачинки.

Чекор 2: Жолчките ставете ги на пареа со 4 лажици шеќер во прав и румот. Со жица матете ги додека не добиете крем и оставете го да се олади.

Чекор 3: Додека се лади кремот од жолчки изматете ги белките со 4 лажици шеќер во прав. Матете додека да добиете убав снег.

Чекор 4: Маскарпоне кремот соединете го со кремот од жолчки и матете додека да добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги изматените белки и мешајте со шпатула да се соединат убаво.

Чекор 5: Палачинките филувајте ги една по една, наросете какао на последната и оставете ги во фрижидер околу 5 часа.

Чекор 6: Сервирајте!

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот