Водич за есенските модни трендови според Elle

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Модните трендови секојдневно се менуваат, дури оние од пред неколку години се обновуваат и надоградуваат.

Наша задача е да ги следиме и да се погрижиме да изгледаме беспрекорно и секогаш во чекор со модата.

Ви претставуваме дел од трендовите за оваа есен, според Elle, како и се што е предвидено дека ќе се носи во наредните шест месеци:

1. Моќна црвена
Официјално е: црвената боја е бојата на оваа есен. Одберете го вашето парче и на кое ќе ја прошетате црвената боја низ градските улици.


2. Впечатливи крзна кои ќе ве стоплат оваа зима
Иако и минатата година крзнените парчиња преовладуваа, оваа есен се враќаме на основата. Меко, неодоливо крзно соодветно за секоја комбинација.


3. Светкави чизми
Сјајно и светкаво во овој нов, освежувачки тренд. Чизми во кои ќе се чувствувате дека можете да го освоите светот како вистинска рок-ѕвезда. Ќе чекорите примамувајќи погледи од сите страни, затоа ова е парче кое мора да го поседувате.


4. Западот во преден план
Оваа сезона сме инспирирани од каубојскиот изглед, кој изгледа одлично во секоја форма. Тренд создаден за храбрите поединци.


5. Карирано од 70тите
Кога ќе се спомне ”карирано” обично помислуваме на 90тите години. Но, оваа сезона акцентот се става на светло карирано од 70тите. Разновидниот принт вметнат во класичните палта во креациите на многу познати брендови.


6. Ретро капи
Модерни, топли додатоци кои ќе додатат посебен шмек на вашиот финален изглед.


7. Најлонски палта
Шик, лесно се носи и може да биде погодно спакувано во вашиот куфер без да се изгужва. Практично, невообичаено парче кое ќе внесе свежина во вашиот стил.


8. Цветни дезени
Старомодните цветни дезени кои сме ги гледале во впечатливите, ѕидни тапети овој пат пресликани класични или лежерни фустани, комбинизони, наметки, јакни и слично.


9. Суќни со средна должина
Пируетски, балетски стил за оваа есен. Суќни кои содржат лелеав елемент со доза на елеганција.


10. Чоколадна кафена
Чоколадо растопено во разновидни модели, материјали и дезени. Одлична замена за старата, добра црна боја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар