Моите родители се разведоа кога имав 15 години, по турбулентен брак. Разводот беше најдоброто нешто што можеше да им се случи. Татко ми се прежени, а мајка ми реши да го открие светот и да се пронајде себеси.
Можеби бев премногу мала, па различните пристапи на моите родители влијаеја на мене, ама јас научив да не трпам глупости кога сум во врска. Сепак, научив и многу нешта за љубовта, а тие лекции ми ги даде мајка ми.
1.Го заслужуваш најдоброто
Како повеќето мајки и мојата постојано ми вели дека го заслужувам светот и љубов што ми прилега. Таа ни објаснуваше дека не смееме да се задоволиме со ништо освен со најдоброто - образование, живот, пријателство, љубов. Ако некој не ја разбира твојата вредност, покажи му ја вратата, велеше таа.
2. Можеш да си заминеш во кое било време
Можеби разводот го поттикна ова размислување, ама животот е премногу краток да бидеш во несреќна врска. Животот треба да биде исполнет со среќа, радост и смеа. Не со мизерија и тага. Најлесниот начин да ја оставиш мизеријата зад себе е да си заминеш.
3. Најпрво сакај се себеси
Кога ја гледав мајка ми како не сака да е во врска само за да е во врска, знaев дека истото треба да го правам и јас. Таа се сакаше себеси доволно за да не ѝ треба некој што нема да се тука за неа 100%. Велеше: никој нема да те сака колку што ќе се сакаш самата.
4. Не го заборавај ни другите
Да, треба да се сакаш себеси, ама и тие во твојата околина. Ако немаш љубов да ја поделиш со семејството, со пријателите, тогаш си само егоист.
5. Парите не се најважни
Кога е љубовта во прашање, парите не се најважни. Знаеше да каже дека повеќе би сакала да дели леб и сол со мажот што го сака, отколку скапи вечери со мажот што не ја заслужува. И во право е.
Извор: Lifehack.org
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.