Зошто на децата им се потребни баба и дедо?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Ако седнете и разговарате со современите родители, дел од нив ќе ви кажат дека најлошoто нешто што може да им се случи на нивните деца, во однос на воспитувањето, се баба и дедо. Како причина ја наведуваат нивната преголема посветеност заради која ги размазуваат.

Делумно се во право, бабите и дедовците навистина знаат да ги размазат внучињата со тоа што им дозволуваат многу повеќе работи од родителите.

Ако преку недела детето е дома, а за викенд кај баба и дедо, недела вечер е невозможна мисија за заспивање, јадење, бањање… Вистинска борба е да се врати на старите навики.

Но тоа што го забораваме сите ние е дека нашите родители, бабите и дедовците се тие кои најдобро знаат да ги научат децата за значењето на семејните врски и меѓусебната посветеност.

Ајде да заборавиме на старосната дискриминација и за момент да застанеме, да погледнеме убаво - баба и дедо се полни со љубов за внучето и сè што прават го прават искрено и посветено.

Довербата која што ние родителите ја имаме е најмногу во нив, не е во градинките, не е во дадилките, туку во баба и дедо.

Децата обожаваат да поминуваат време со нив, да играат, да јадат и да спијат. Тие се вистински другари.

Тоа што се менува низ годините е старосната граница кога младите стануваат родители. Се подоцна во животот се одлучуваат на овој чекор, што влијае и на присуството на бабите и дедовците во животот на нивните деца. Научно е докажано дека тие имаат дирекно влијание врз е социјалното и емотивното однесување на децата.

Што вели искуството, што учат децата од нив:

-учат за историјата. Да, ова е работа која ја учат на училиште, но многу поверно ја пренесуваат нивните баба и дедо.

-учат игри и песнички кои тие ги пееле и играле во нивно време. Да бидеме реални, денес е среќа некое дете да знaе социјaлна игра за надвор од дома. Затоа баба и дедо се идеални учители за ова.

-Учат за животот, тие им ја пренесуваат својата мудрост. Можеби нема веднаш да сфатат и разберат сè, но тоа е нешто кое останува кај секое дете, дури и кога ќе порасне.

-Ги учат на семејната историја, на случките од нивните животи. Ги учат за семејното дрво кое е подзаборавено.

-Ги учат на практични шеги, коi родителите не ги сакаат секогаш, но сепак се забавни.

-Најважно од сè е што добиваат емоционална поддршка од нивните баба и дедо.

Важно е децата да растат со нив. Важно е да ги научат сите овие работи, проследени со безусловна љубов. Тие се нивната безбедна зона, додека сте вие на работа, на состаноци, завршувајќи ги тековните работи. Тие се нивните баба и дедо!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.